Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: По изборите СДСМ ќе формира Влада предводена од Ковачевски

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за Фокус порача дека таа лично очекува СДСМ да победи на следните парламентарни избори,

„По овие избори, СДСМ ќе формира влада на чело со претседателот Димитар Ковачевски и силно ќе го продолжиме европскиот пат кон 2030-та, кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ. Тоа ќе биде победа на разумот и желбата да направиме сè нашата држава да живее по стандардите на членките на Унијата. Има многу истражувања, кои укажуваат дека голем дел од младите што се иселиле од своите земји пред тие да станат членки на ЕУ, се вратиле дома кога нивните држави се израмниле во редот со државите-членки на ЕУ. Тоа е и треба да ни остане најголема мотивација. Како може да ѝ посакувате лошо на својата земја кога работите на нејзиниот напредок кон ЕУ. Што има опозицијата? Нема став, туку некакви ветувања за кои ќе ни кажеле како ќе ги остварат некогаш понатаму“ вели Лукаревска

За ВМРО-ДПМНЕ Лукаревска вели дека нивна единствена стратегија е на конфликти, а на прашањето што ако ВМРО-ДПМНЕ сепак успее да формира некаква Влада, таа смета дека тогаш државата би се вратила во изолација.

„Тогаш, нешто во што не верувам, едноставно би се вратиле таму каде што бевме, комплетно изолирани и под влијанија кои се погубни за нашата држава. Повторно најдобри пријатели би ни станале државите со автократско владеење. Затоа повеќепати повторувам дека овие избори имаат референдумско значење. Дали ќе продолжиме напред или ќе се струполиме назад“ порача таа.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК