Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ветува проширување на позитивната листа на лекови, инвестирање во медицинскиот кадар, нови Клинички во Штип и Скопје

Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширување на позитивната листа на бесплатни лекови, која постојано ќе се ажурира, затоа што граѓаните заслужуваат најдобра услуга, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Платформата за здравствената иднина предвидува комплетна трансформација на здравството и спроведување на регионализација што е предуслов за добивање на квалитетни здравствени услуги, затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на стратегија за регионализација на болниците. Штипскиот клинички центар ќе биде една од тие регионални болници. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе имплементира Национална стратегија која ќе предвидува нов начин на водење на кадровска политика, преку современа и континуирана медицинска едукација, но и современа инфраструктура. Довебрата во здравствениот систем мора да биде вратена. Граѓаните мора да имаат квалитетна здравствена заштита и систем“, пишува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК