Centar.mk
БИЗНИС

Државата дели ваучери за клима уред – За само 24 часа над 2.000 апликации, останаа уште 5.000!

Над 2000 граѓани досега лично поднеле барања до Архивата на Министерството за економија за ваучер за набавка на инвертер клима уред, објави Бизниспро.

Интересно е што има и многу апликации кои пристигнале по пошта.

Од Министерството за економија очекуваат набрзо да се искористат сите средства предвидени за набавка на клима уреди.

За првата мерка крајниот рок е 12 февруари, а за втората 15 февруари годинава.

За оваа мерка согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година кои ги донесе Владата предвидени се 4,1 милиони евра за над 7.000 ваучери за инвертер клима уреди.

За да аплицираат на огласите граѓаните треба да пополнат барање кое што може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија.

Сите услови може да ги прочитате тука.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК