Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска присуствуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска присуствуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, годишен собир на лидери и истакнати личности од светот, на кој се афирмира мирот и взаемното разбирање.

-Ми беше чест да присуствувам на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, годишен собир на лидери и истакнати личности од светот, на кој се афирмира мирот и взаемното разбирање.
На настанот кој промовира надминување на разликите преку обединување околу заеднички вредности, имав можност да се сретнам со пријатели и поддржувачи на нашата земја, со кои разговаравме за актуелните состојби и предизвици на национално и глобално ниво.
Во времиња исполнети со војни, кризи и неизвесност, важно е да ги зацврстуваме мостовите кои поврзуваат различни традиции и култури, а хуманоста да биде водечка мисла во градењето подобра иднина за сите, напиша Грковска на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК