„Во сетот на законски решенија коишто во моментот се дебатираат на комисијата за европски прашања има определени одредби коишто го унапредуваат самото законско решение. Ќе видиме како ќе тече работата на комисијата. Има работи коишто се добри во делот на синхронизација со европското законодавство, во делот на унапредување на манирите на самата професионализација на администрацијата и подобар степен на исполнителност на вработените во администрација“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски во неговото гостување емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.
Тој потенцираше неколку добри страни на законските решенија, вклучително со воведување на полагање на влезен испит.
„Ќе биде вработен секој редовен студент кој во текот на студиите освоил меѓународни или национални награди и признанија. Службениците ќе можат полесно да напредуваат. Составот на кабинетите на функционерите се менува. Не може да збирштина од партиски некоректни вработувања туку ќе има ограничување на бројот на тие вработени. Тие можат да бидат договорно ангажирани, а не како досега потоа да останат во самата администрација додека трае мандантот на функционерот. Бројот на таквите политички советници е строго ограничен“, потенцираше Костовски.
Тој заклучи дека има квалитетни работи во законот коишто треба да се поддржат, но има и такви забелешки кои се вредни за дебата.


