„Колегата Миле Лефков ги повика пратениците од СДСМ дека бегаат од дебата, тоа е исто како да се плашите од снег во месец август. Убавината на демократијата е да има дебата. Социјалдемократскиот сојуз преку своите квалитетни демократски политики овозможи дебата соочување на мислења и убедување и неубедување за сите оние актуелни состојби во општеството. Тука сме и тоа е најдобриот демант од страна на социјалдемократите“, Изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски во неговото гостување емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21 искористувајќи ја можноста да реплицира на неговиот колега Миле Лефков на национална телевизија во вчерашно дебатно издание.
Во однос на изборот на член на ДИК, Костовки истакна дека тоа е работа на Парламентот и Собранието и дека комисијата за избор и менување наредниот период ќе донесе квалитетни решенија и ќе ги надмине сите недвосмислени обвинувања од страна на партијата БЕСА и неговиот колега Фадил Зендели каде што нивниот кандидат не ги исполнувал условите и не бил избран од страна на комисијата.
„Претседателот во таа комисија работи ревносно во делот на интересот на пополнување на оние места коишто стигнале до комисијата како такви предлози. Моментално има двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и четворица од страна на власта. Нормално е дека се стремиме да направиме квалитетен изборен процес. Впрочем, и изборот на техничката влада го покажува тоа“, потенцираше Костовски.


