Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Агелер: Важно е гласачите да бараат од кандидатите детални планови за иднината, да се информираат и да гласаат

„И во САД имаме проблеми со дезинформациите, затоа е важно гласачите да бараат од кандидатите детални планови за иднината и тие гласачи, откако ќе се информираат, да гласаат. Мора да гласаат и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината“ рече американската амбасадорка Ангела Агелер за ТВ24.

Таа додаде дека се свесни за руското влијание преку медиумите, рекламите, социјалните мрежи и троловите, но истакна дека важна е едукацијата.

„Што прават луѓето и што гласачите одлучуваат? Единствениот начин за борба против дезинформациите е едукациајта“ рече Агелер.

Амбасадорката исто така истакна дека ништо не се случува случајно и ништо не се постигнува со останување дома.

„Знам дека има многу гласачи кои се откажале, дека нема да гласаат, но тоа не е вистинскиот одговор“ рече Агелер.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК