Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ да им се извини на граѓаните што ги излажа и ги доведе во заблуда за пасошите

-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните, што ги лажеше и ги доведе во заблуда дека за час ќе го реши проблемот со издавањето на пасошите, побараа од СДСМ.

„Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ Тошковски призна дека не може да го реши овој проблем.

ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши.

Како влегоа во техничката Влада ништо не важи, нема ништо од најавите на ДПМНЕ.

Одеднаш ништо од законот, одеднаш МВР работело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција.

Ништо не се менува во ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК