Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Тетово

Ноќеска (1 февруари) околу 2 часот и 45 минути на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, кој претходно од паркинг на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот Н.Е. од тетовска Стримница. Возилото е пронајдено на улица „Мирче Ацев“ во Тетово, извршен е увид и вратено му е на сопственикот. Кај малолетникот, исто така, биле пронајдени и одземени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК