Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Опожарено „бмв“ во Тетово, оштетено уште едно возило

Ноќеска, околу 2.30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Ѓорче Петров во Тетово настанал пожар на патничко моторно возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 54-годишниот тетовец Б. Б., извести СВР Тетово.

Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба пожарот целосно е изгаснат. Нема повредени лица, а причинето е оштетување и на уште едно возило, „опел астра“, со тетовски ознаки, кое се наоѓало во близина, соопшти СВР Тетово.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК