Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Митрески: Друга алтернатива освен европската немаме, верувам дека граѓаните ќе одберат иднина која е европска, која обезбедува подобра егзистенција

„Секако анализи се прават и има разговори, нема моментално никаква одлука како ќе се спроведе тоа на изборите, затоа што сеуште се прават анализите. Очекувам дека граѓаните ќе одберат иднина која е европска, ќе одберат иднина која што обезбедува подобра егзистенција, ќе одберат иднина кон демократскиот свет, млада демократија која уште треба да работи на тоа прашање и ценам дека на крајот друга алтернатива освен европската ние немаме, затоа што досега не сме слушнале за друга алтернатива и на крајот граѓаните ќе донесат одлука да ја одберат оваа работа која што ние ја промовираме и работиме и таа што ќе ја понудиме на изборите,“ порача претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески во Дневникот на Сител ТВ, во врска со можни коалицирања со други партии.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК