Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костовски: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ:

ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

„Почитувани граѓани,

ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ.

Се виде, се покажа, Христијан Мицкоски се што кажа излажа.

Нели единствен услов му беше ДУИ да не биде дел од Владата?

Нели велеше дека прифаќа се само Влада без ДУИ не прифаќа?

Епа толку, пу пу не важи.

ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Министрите на ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери.

Сега пишман аџијата Мицкоски нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови од ДПМНЕ зошто ги лажеше?

Зошто ја проблематизираше техничката Влада?

Зошто ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа?

Како сега одеднаш може во Влада со ДУИ?

Почитувани граѓани,

Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните туку фотелјите, власта, и ништо друго.

На Христијан Мицкоски не може да му се верува.“

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК