Centar.mk
БИЗНИС

Еден откупувач на тутун ја зголеми цената – се очекува да се интензивира откупот

Во Прилепско се очекува да се зголеми интензитетот на откупот на тутунот откако денеска откупната фирма „Пашоски“ од Демир Хисар потпиша анекс на договорите за цена од 365 денари, вели Јане Станкоски, директор на државниот земјоделски инспекторат.

– Досега се откупени преку 8 000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Тоа е нешто повеќе од половината откупена реколта. Полека се интензивира откупот во пелагонискиот регион и очекуваме така да биде во наредниот период. Тоа е впечатокот од денешната контрола на теренот и на откупните пунктови во Пелагониско. Посебен стимул сметам дека е одлуката на откупувачот „Пашоски“ кој од денеска ги зголеми цените на 365 денари за килограм. Освен тоа, откупувачот нагласува дека ќе им се доплати до оваа цена на сите што досега го донеле родот за откуп, изјави телефонски Станкоски.

Во моментов, другите девет откупни фирми тутунот го преземаат по цена од 330 денари за килограм.

Според Инспекторатот, досега нема пријавено неправилности во откупот на тутунот кој официјално трае до крајот на февруари. Ланската реколта која сега се откупува се проценува на 13 000 до 15 000 тони тутун.

извор Независен.мк

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – РКЕ пред одлука

ДЕСК

СИНДИКАТИТЕ СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА СТАВАТ НА МАСА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА – Утре седница на економско-социјалниот совет на која ќе се сретнат власта и синдикатите

ДЕСК

Синдикална минимална кошница за месец декември порасна на 65.173 денари

ДЕСК