Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Градиме цврсти партнерства со македонските компании

Доделени сертификати за успешна соработка на компаниите Костал, Комфи Анѓел, Пекабеско и Дел Кредере, а по повод светскиот ден на Царината што годинава македонската Царинска управа и останатите членки на Светската царинска организација го одбележуваат под мотото „Царината негува традиционални и поттикнува нови партнерства со цел“. Воедно сертификат беше врачен и до претседателката на Регионалната Цефта ОЕО Асоцијација, Татјана Стефановиќ, до претставник на Државниот инспекторат за земјоделство, како и до царински службеници чија посветеност во работата резултира со одлични резултати на управата.

„Царинската управа како ефикасен партнер на македонското стопанство делува се со цел да овозможи поголеми предности за македонските компании. Минатата година започнавме со активности за имплементација на развојни проекти вредни над 30 милиони евра, чии бенефити ќе ги почувствуваат сите македонски компании“, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев.

Воедно работиме и на унапредување на програмата за овластен економски оператор чија цел е олеснување на трговијата. Во моментов во рамки на ЦЕФТА изготвена е и централна база на податоци за ОЕО коишто ги имаат исполнето безбедносните барања и во моментов се работи на нејзино поврзување со царинските системи што ги користат ЦЕФТА страните.

Посветени сме и на континуирано усовршување на институционалните капацитети се со цел остварување на стратешките приоритети за олеснување на трговијата, поголеми приливи во Буџетот и безбедност на општеството.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК