Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ЌЕ ПУКНЕ СОНЦЕ, ТЕМПЕРАТУРИ НАД 18 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детали за прогнозата во следните денови

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на новата седмица.

Прогноза за 02.02.2024
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 12°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 03.02.2024
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Прогноза за 04.02.2024
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +