Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ се заплетка, предлага министри а не ги гласа, седат во техничка Влада со Џафери а глумат дека не се

-ДПМНЕ се заплетка, предлага министри а не ги гласа, седат во техничка Влада со Џафери а глумат дека не се, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ смата се заплетка. Прво ја проблематизираше техничката Влада, па велеше дека нема да учествува, потоа реши дека ќе учествува.

Предложи министри до техничкиот премиер Талат Џафери, а потоа пратениците на ДПМНЕ не ги гласаа сопствените предлози при изборот на техничката Влада во македонското Собрние.

Го напаѓаат Џафери а во 2013 година беше министер за одбрана во Владата на ДПМНЕ со истите оние кои денеска велат дека бил „дезертер“.

Предлагаат министри а не ги гласаат, седат во техничката Влада предводена од Џафери а се прават дека не се дел од неа.

Мицкоски не знае кај тера. Ниту има став, ниту има капацитет да донесе некаква одлука, ниту пак знае што прави.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК