Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Меџити: Само заеднички можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска на стручниот настан посветен на антимикробната резистенција потенцираше дека само заеднички може да се постигне успех во справувањето со антимикробната резистенција. прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион – тоа е патоказот за антимикробна резистенција.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„Ми претставува чест да ве поздравам на овој стручен настан, посветен на антимикробната резистенција, како глобален предизвик со кој се соочуваат и најразвиените здравствени системи.

Разноликоста на присутните на денешниот собир најдобро ја отсликува реалната заложба за пристап на „едно здравје“, бидејќи само така можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција.

За важноста на овој предизвик посочи и претседателот на СЗО, Тедрос Гебрециус во своето излагање по повод одбележување на неделата на свесност за употреба на антимикробни средства, истакнувајќи дека „нерационалната употреба на антимикробни средства ќе нѐ врати во предантибиотската ера“.

Кон крајот на минатата година во Астана, Казахстан потпишавме прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион – тоа е патоказот за антимикробна резистенција.

Верувам дека заедно со колегите од нашата држава ќе изнајдете најдобар пат да нѐ водите кон што поуспешна борба во справување со антимикробната резистенција, преку изготвување национална стратегија за 2023 – 2030“, изјави Меџити.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК