16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија воведува четиридневна работна недела

На 1 Февруари и Германија го започнува експериментот за четиридневна работна недела, но за иста плата.

Експериментот во кој се вклучени 45 компании има за цел да ја измери продуктивноста на работниците а во исто време да се провери тврдењето дека луѓето кои работат пократко не само што се посреќни туку и поефикасно ги извршуваат своите работни задачи.

Самиот експеримент ќе трае 6 месеци а работниците ќе ги добијат истите плати за намален број на работни часови.

Во моментов германскиот пазар на труд се соочува со големи проблеми и штрајкови.

Според бизнис аналитичарите, недостигот на квалификуван кадар како и високата инфлација, комбинирано со намалување на наталитетот на населението и стареењето, до 2034 година би довело до намалување на работната сила за околу 7 милиони работници.

Поддржувачите на овој експеримент истакнуваат дека новитетот би можел да привлече нов кадар во Германија, земја која според Евростат веќе има најголем удел на хонорарно вработени во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Градинарскиот центар „Фоја“ слави 20 години – за посетителите ќе има роденденски цени 

C +

Народната банка донесе мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан

C +

Античкиот театар Аспендос во близина на Анталија ја собра светската оперска и балетска елита на 32 Меѓународниот фестивал за опера и балет

C +