Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Слаби кадри за техничката Влада, ДПМНЕ нема кадровска ниту програмска понуда

-ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, меѓу нив лични пријатели на Мицкоски, кадри од времето на режимот на Груевски, поранешни функционери во град Скопје, но и кадар со кривична пријава за злоупотреба на службената должност, соопшти СДСМ.

„Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум.

Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен.

Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.

Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место си ја вработила во УЈП и нејзината сестра.

Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК