Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Чуму суд црковен кога, нели, само Бог суди

Чуму суд црковен кога, нели, само Бог суди

ЗОРАН ИВАНОВ

Некаков си при МПЦ суд црковен ќе го судел новинарот Марјан Николовски од “Религија.мк” за некаков си негов став или за некаква навреда спрема МПЦ или за некое делче од МПЦ, сеедно и баш фино и од страна на МПЦ конечно нешто прогресивно и еве некое судче таму, засега срамежливо, па сепак, макар за миг, се изборило со тескобите на сопствените црковни догми и, еве, од теренот на божјата, сега се впуштило да ја оправа и световната правда па, оттука, надежно е да се очекува на дневен ред и по принципот по допрен глас и во името на правдата, бргу да се позанимава и со кримигените теми од својот двор како на пример со инволвираноста на своите црковни великодостојници во афери како онаа со плацот кај скопски ГТЦ но и на цело купче слични па, кажано во оваа една реченица, овој световно неидентификуван суд на МПЦ кој во случајов со колегата Николовски ја прескокнал оградата на црковните надлежности и се впуштил по анатеми врз световното, прво да си се запраша чуму си се усточичил за суд црковен кога, нели, само Бог суди.

Извор: Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ВО КАЗИНО – Двајца мажи тешко повредени со остар предмет додека разделувале тепачка, едниот префрлен во Скопје

ДЕСК

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВСКО – Татко фрлил тврд предмет кон својот 26-годишен син, кривична пријава за загрозување на сигурноста

ДЕСК

МАЈКA ДРЖЕЛА ТУЃО ДЕТЕ ЗА РАЦЕ, А НЕЈЗИНИОТ СИН ГО НАПАДНАЛ СО ТВРД ПРЕДМЕТ – Вознемирувачка пријава за инцидент во училишен двор во Скопје

ДЕСК