Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев: Нека патот на Свети Сава, пат на меѓусебна почит, разбирање и подадена рака, биде мост за градење доверба и меѓусебна почит

Почитувани граѓани,

Дозволете ми да упатам срдечни честитки до српската заедница во Република Северна Македонија, како и до сите православни верници, а по повод големиот христијански празник Свети Сава.

Свети Сава бил првиот српски архиепископ и просветител чие дело е нераскинлив дел од културното наследство на српската заедница во нашата држава. Како млад жеднеел за духовен живот и со ревност го поминал подвижничкиот раст, а во својата духовна зрелост ги измирувал Србите со соседните народи.

Токму затоа, славејќи го и почитувајќи го празникот на овој голем христијански светец придонесуваме за традиција која ги негува културните различности и ги зајакнува соживотот и добрососедските односи.

Нека патот на Свети Сава, пат на меѓусебна почит, разбирање и подадена рака, биде мост за градење доверба и меѓусебна почит – темели на кои го развиваме нашиот концепт Едно општество за сите, преку кој заеднички градиме просперитетна иднина за сите наши граѓани.

Ви посакувам радосни празнични моменти со желба за добро здравје, духовен мир и општа благосостојба.

Нека е за многу години, напиша на социјалните мрежи дополнителниот заменик-министер во МВР Митко Бојмацалиев.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК