26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Попова: Слоганот „Силата ЕУ младите” е од стих од Слаткар испишан на скопски графит

Денес започнува иницијативата „Силата ЕУ младите“ спроведена од издавачката куќа ПМГ, а лицето за односи со јавност на проектот Лаика Попова во утринската програма на Слободен печат говореше за целите, но и за идејата за името на оваа иницијатива.

„Има еден куп млади, што се креативни, паметни, интересни, амбициозни. Преку оваа платформа ќе им се даде простор и ресурси за да се изразат. Се трудиме да создадеме континуирана комуникација и соработка. Името на иницијативата е инспирирано од еден графит што гласи ‘Силата ЕУ младите’ и преку песна на Слаткар“ рече Попова.

Таа кажа дека како дел од проектот ќе има низа на настапи на млади артисти и изведувачи во Лабораториум, а програмата започнува вечерва со настап на средношколскиот рок бенд Црно Собрание.

„Вечерва е концертот на средношколскиот рок-ен-рол бенд Црно Собрание од Никола Карев, како најмлади на платформата. Потоа, утре имаме денски рејв на задната сцена на Лабораториум ќе настапат четири диџеи на ОВЦ Колектив, млад колектив што се труди да внесе свежина на електронската сцена“ кажа Попова.

Таа додаде дека освен настапите, како дел од иницијативата ќе се издаде и поп-плоча на актуелни млади поп артисти од земјава.

„Секогаш има возбуда кога има можност да се издаде музика на винил. Тоа е најадекватниот носач на звук. Овој винил ќе се нарекува ‘Поп култура’. Ќе биде комбилација на дела од најинтересните наши поп артисти и се надеваме дека ќе остане како артефакт за една исклучително талентирана млада генерација на поп музичари кај нас“ рече Попова.