Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Попова од од иницијативата „Силата ЕУ младите“: Со проектот сакаме да откриеме што можеме ние како млади да направиме за да ни е подобро

Денеска започнува иницијативата „Силата ЕУ младите“ која ја спроведува издавачката куќа ПМГ, а лицето за односи со јавност на иницијативата Лаика Попова во утринската програма на Слободен печат рече дека целта на оваа иницијатива е да се даде простор на младите да творат и да се мотивираат да останат во земјава.

Освен музичка програма, Попова најави дека иницијативата ќе снима и дискусии и поткасти со цел да се открие што сметаат младите и како може да го подобрат општеството.

„Поткастите ќе се дискусии каде ќе зборуваат младите, за нивните идеи, ставови, мислења. Ќе ги прашуваме што ги инспирира, што им се допаѓа или не им се допаѓа во земјата, што би можело да се подобри и што ние како млади можеме да направиме за да ни биде подобро овде“ рече Попова.

Таа објасни дека името на иницијативата „Силата ЕУ младите“ е инспирирано од графит во Скопје и песна на Слаткар, која ја носи истата порака.

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК