Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Попова од иницијативата „Силата ЕУ младите“: Проектот го предводат младите со цел да се даде простор за творење и подобрување на квалитетот на живот

„Овој проект го предводат младите, но имаме поддршка и од постарите. Тимот кој работи на проектот е составен од повеќе млади членови, но постарите се поискусни, па гледаме позитивно да ги искористиме нивните искуства и знаења“ рече Лаика Попова, лице за односи со јавност на иницијативата „Силата ЕУ младите“ во утринската програма на Слободен печат.

Таа додаде дека како дел од иницијативата „Силата ЕУ младите“, освен настапи на млади уметници, ќе се издаде и поп-плоча од најактуелните поп млади артисти во земјава.

„Секогаш има возбуда кога има можност да се издаде музика на винил. Тоа е најадекватниот носач на звук. Овој винил ќе се нарекува ‘Поп култура’. Ќе биде комбилација на дела од најинтересните наши поп артисти и се надеваме дека ќе остане како артефакт за една исклучително талентирана млада генерација на поп музичари кај нас“ рече Попова.

Таа додаде дека освен музички настапи и издавање музика, како дел од иницијативата ќе се снимаат и поткасти со млади луѓе.

„Поткастите ќе се дискусии каде ќе зборуваат младите, за нивните идеи, ставови, мислења. Ќе ги прашуваме што ги инспирира, што им се допаѓа или не им се допаѓа во земјата, што би можело да се подобри и што ние како млади можеме да направиме за да ни биде подобро овде“ рече Попова.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК