26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лескаровска од Агенција за промоција на туризмот: Ја постигнавме целта од 3,2 милиони ноќевања во 2023 година

Туризмот претставува сериозна стопанска гранка, со псотојан годишен раст која носи сериозен девизен прилив, вели директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јасмина Лескаровска во интервју за Слободен печат.

„Туристичката индустрија изминатата година ја заокружи со раст во поглед на бројот на странски туристи, ноќевања и девизен прилив. Македонскиот туристички сектор до крајот на 2023та година ја постигнa целта од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 550 милиони долари туристички промет. Туристичкиот сектор според мене може да биде една од алатките за брзо закрепнување на македонската економија, но потребни се многу вложувања. Со сериозен импакт и вклученост на стејхолдерите во градење на одржливи форми на туризам и конкурентна туристичка понуда. Значењето на туристичката индустрија како стопанска област и туризмот како доходовна гранка влијае брз економскиот раст со учество од 4% и туристички промет од 471,59 милиони долари во БДП-то за трите квартали од 2023г. или раст од 25% компарирано со периодот од изминатата година“ посочи Лескаровска.

Според неа, целосните капацитети на турстичкиот сектор се уште не се искористени, па за таа цел Агенцијата за 2024 година има план за дополнителн развој на туризмот, првенствено преку продолжување на туристичката сезона и развој на руралниот и еко-туризам.

„Стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2024 година е во корелација со старатешките согледувања на Светската туристичка организација (UNWTO), во поглед на превземање на активности и можностите за развој на туризмот во нашата држава. За Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) една од стратешките цели е продолжувањето на туристичката сезона, периодов ни покажа дека еко и руралниот туризам се една од основните работи за одржливост на сите туристички дестинации и туристички сектори. Акцент ќе се стави во градење човечки капацитети за оддржливост на дестинациите фокусирајќи се на алтернативните видови туризам, како руралниот, културниот, здравствениот, агри-туризмот, екотуризмот, ено-гастро концептот и рекреативниот туризам, наспроти масовниот туризам. Екотуризмот во следните неколку години треба да преставува двигател на голем број општини во руралните делови, овозможувајќи директен финансиски бенефит за локалното население понудувајќи го проектот педесет рурални села – педесет туристички приказни влијаејќи на нови зелени работни места, женското претприемништво и успорувајќи ја миграцијата од руралните средини“ порача Лескаровска.