Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Анализа на Преспа институт: ВМРО-ДПМНЕ има само 4% шанси да победи на изборите ако на изборите сегашната владејачка коалиција настапи со заеднички листи

14.000 симулациски сценарија има во анализата на Преспа институтот направена преку алатката за истражување и аналитика ЕлектоМетар. Од тие 14.000 сценарија каде би се појавиле 5 различни политички блокови, 96 отсто шанса за победа има блокот предводен од СДСМ, истакнаа од Преспа институтот на денешната презентација.

„Во Анализата на Институтот се спроведени три експерименти кои опфатиле 14.000 различни сценарија кои што разгледуваат претпоставено сценарио кога на изборите 2024 година би се појавиле 5 блокови на политички партии.
Притоа блоковите би биле составени според моменталните најави на групирање: владината коалиција; коалицијата која гравитира околу ВМРО-ДПМНЕ; блок кој ја претставува т.н. албанска опозиција; блок кој го доминира Левица; и блок во кој се останатите политички партии, но според податоците кои ги има Институтот ќе биде доминиран од ЗНАМ“ велат од Институтот.

Анализата покажува дека постои врска меѓу успехот на партиите и излезноста, односно дека таа не влијае на резултатите на ВМРО-ДПМНЕ, но влијае на СДСМ, така што, колку е помал одзивот на гласачите, толку помалку гласови добива оваа партија.

Според Анализата, Левица на изборите тешко дека ќе освои повеќе од две пратенички места бидејќи, како што се сугерира, гласачите ѝ се распрскани низ државата и не се доволно концентрирани по изборни единица. За споредба да беа локалните избори парламентарни Левица ќе добиеше пет пратенички места со освоените гласови.

Во Анализата нема податоци какви би биле резултатите ако ВМРО-ДПМНЕ направи предизборна коалиција со три албански опозициски партии и евентуално со ЗНАМ или Левица, а според Институтот оценката е дека албанските опозициски партии ќе инсистираат на уставните измени за да настапат заеднички на избори, а само 15 отсто од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, според другата анкета на Преспа институтот од декември, прифаќаат Бугарите да се внесат во Уставот.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК