„Она кое што се спомнува за некаква состојба во 2016 година има огромна разлика, затоа што во тој период да не заборавиме што значеше техничка влада по пржински терк. Хронолошки, прво се закажа седница за распуштање на парламентот, со одложено дејство да важи од 24 февруари, а изборите да бидат на 24 април 2016 година. Пратениците на СДСМ ја напуштија салата зашто дел од заклучоците и обврските не беа спроведени во рамки на пржинскиот договор. Па имавме Пржино 2 и веќе тогаш на 2 септември ја имавме техничката влада, а изборите беа на 11 декември 2016 година.Тогаш СДСМ со одлука на Извршниот одбор донесе заклучок дека нема да учествува на тие избори затоа што договорот од Пржино не беше испочитуван,“ истакна заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во вестите на Сител Телевизија.
Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ мора да научи дека она што значи законска обврска, законски одредби, дека треба да се испочитуваат.
„Ако некој понуди свои министри, заземе соодветни ресори, а не гласа за истите, каде е оправданоста, едноставно станува збор за политички парадокс,“ рече Лукаревска.