Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Дујовски за Студио на Слободен печат: Руското влијание во Македонија е присутно но се чувствува многу помалку отколку во Бугарија и Србија

Кај нас, можеби најмалку од сите држави на Балканот се чувствува руското влијание, го има присутно е, но не е доминантно во оваа фаза, за разлика од Бугарија, земја членка на ЕУ и на НАТО и за разлика од Србија, порача во Студио на Слободен печат деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.

„Останува да се види како ќе се постават руските интереси во однос на нашите избори и дали може да се влијае на изборите по една таква линија. Ако се сеќавате, по завршувањето на претходните локални избори, тогашниот премиер Заев кажа дека има доминантно странско влијание преку дезинформации и лажни вести и тие директно влијаеле на исходот на локалните избори во 2021 година“ посочи тој.

Дујовски смета дека последните интензивни средби со американски политичари и дрѓавни претставници се на некој начин превентива од идно можно руско влијаније.

„Во таа насока се и последните раздвижувања што се случија деновиве. Пред неколку недели министерот Спасовски имаше средби во Вашингтон со многу врвни луѓе и од обвинителството и од администрацијата на претседателот Бајден, меѓу нив и со О’Брајан кој меѓудругото завчера ја посети Македонија и даде многу јасни пораки за тоа во која насока треба да оди државата“ посочи Дујовски.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК