Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Продолжува мерката за замрзнување на цените, инфлацијата се намалува

Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Мерката за замрзнување на цените продолжува да важи до 29 февруари 2024 година, соопшти СДСМ.

„По замрзнати цени ќе продолжат да се продаваат основните прехранбени производи, оризот, брашното, лебот, други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Пакетот мерки за заштита на стандардот на граѓаните даде резултат а истовремено се намалува инфлацијата. Пред една година стапката на инфлација кај храната изнесуваше 20 отсто, а сега е сведена на само 0,1 отсто кај храната, додека вкупната стапка на инфлација е намалена и изнесува околу 3,5 отсто.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК