28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Џафери за работата на Собранието: За она што е наша надлежност како менаџмент имаме позитивни оценки

„Го гледате однесувањето во самото собрание и тоа е показател дека има потенцијал истото однесување да се преслика и на терен. Ќе дојдете во ситуација во 2024 година со сите овие случувања во Собранието да дојдете да кршите нешто по некакво несогласување во собранието“ изјави претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.

На новинарското прашање како ја оценува работата на собранието Џафери одговори дека доколку одговори ќе изгледа дека се оценува самиот себеси.

„Воглавно, организациски, и она што е наша надлежност како менаџмент мислам дека се сите позитивни оценки и од тие што не надгледуваат. Што се однесува до процедурите внатре, секако дека има забелешки по однос на скратени постапки, европски знаме, блокирање, опструкција. Тоа веќе не е работа на менаџментот. Тоа е оценка не на институцијата туку на државата“, посочи Џафери.

Тој додаде дека извештајот од ЕК вели дека недостасува конструктивен дијалог.

„Како претседател на собрание на којшто му е предаден извештајот од страна на амбасадорот Гир, на амбасадорот му поставив прашање „Амбасадоре, има ли некој во Европа, во светот, во државава да може да ни ја објасни дефиницијата конструктивен дијалог?“ Дијалогот е процес во којшто се расправа за една тема. Ќе се искажат ставовите по таа тема и за да биде дијалогот демократски треба да заврши со изјаснување во процедура. Не можете да сметате дека имаме конструктивен дијалог сега ако ги кажам ултимативно ова можете да ме прашате и прифаќам да ме прашате само за ова, а за ова не сакам да ме прашувате“, заклучи Џафери.