Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бочварски: Градежништвото доживува рестарт поради градежната реформа, ова е шанса да пккажеме дека инфраструктурата ни е приоритет

„Градежништвото во овој период доживува рестарт и тоа го кажувам поради градежната реформа. Новиот пристап и принцип на градење со проектирање и градба кој се промовира и работи на терен дава резултати“ рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој додаде дека ова е шансата на нашата држава да конечно, по 30 години самостојност, покаже дека инфраструктурата е на врвно приоритетно ниво.

„Тоа го докажуваме, но таа инфраструктура и овие проекти се повеќегодишни и се работат три, четири, пет години. Тоа значи дека патот е трасиран и овие проекти го даваат бенефитот“ рече Бочварски.

Министерот додаде дека покрај големите проекти кои ги води министерството, со 70 милиони евра се поддржуваат и општините за иградба и ревитализација на локални патишта, таму каде концентрацијата на патници е најголема.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК