Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП

-Локалната власт на ДПМНЕ во Град Скопје за две години го уништи јавниот градски превоз. ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП, велат од СДСМ во денешното соопштение.

„Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ а нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира.

Советниците од ДПМНЕ, кои го имаат мнозинство во Советот и се локална власт, се противea на одлуката за субвенционирање на ЈСП и намерно, заради лични хирови на Мицкоски дополнително го заглавија претпријатието.

Граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз секој ден, повторно мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар…

Сето тоа е резултат на неспособноста на ДПМНЕ.

Проектот за брз, еколошки и современ транспорт, познат како БРТ го закочи токму ДПМНЕ.

После Скопје 2014 ДПМНЕ му приреди уште една катастрофа на главниот град.

Глас за ДПМНЕ ова значи, хаос, уназадување, блокирање на важни проекти и стагнација.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, следува кривична пријава

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК