Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Странски компании со пофалба за работата на македонската царина

Странските компании гледаат партнер и сојузник во Царинската управа на Македонија и изразуваат задоволство од досегашната соработка со македонската царина.

Според генералниот директор на Дрекслрмајер Македонија Лукас Мирингер, царината и нејзиниот професионален однос игра важна улога за задржување, но и проширување на странските инвестиции.

„Од основањето на Дрекслмајер Македонија во 2012 година, воспоставивме добра соработка со Царинската управа која ја одржуваме изминативе дванаесет години. Како германски инвеститор и снабдувач на премиум автомобилската индустрија, горди сме што имаме можност да дадеме значаен придонес за економскиот развој. Нашата долгогодишна соработка, која се карактеризира со одговорност и меѓусебна доверба, претставува цврста основа за Дрекслмајер Македонија и понатаму да продолжи успешно да испишува автомобилска историја во земјава“, посочил Мирингер на средбата со првиот човек на Царинската управа, Стефан Богоев.

Богоев пак, го информирал генералниот директор Мирингер за работата на Царината, истакнувајќи дека целта на сите мерки и активности што ги презема Царината во моментов е олеснување на трговијата и забрзување на транспортот со цел зголемување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар, а тоа, според Богоев ќе резултира со поголеми приходи во Буџетот и повеќе пари за инфраструктура.

Дрекслмајер е една од компаниите кои имаат и статус на овластен економски оператор. Од таму велат дека стекнувањето на ваков статус за компанијата значи поедноставување на постапките, забрзување на протокот на стока, како и олеснување на трговијата и одржување на константно ниво на безбедност.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК