Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски за ТВ21: Неколку пати кажавме дека личните карти важат и по 12 февруари

Во интервју за ТВ21 министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека неколку пати МВР споделуваше во јавноста дека личните карти важат и по 12 февруари.

„Владата не донесе одлука затоа што законот за личните карти не е променет. Тоа беше јасно од самиот почеток дека нема да има промена на личните документи. Ние неколку пати кажавме дека личните карти ќе важат и по 2 февруари, не заради тоа што се во домашна употреба, туку заради тоа што Законот не е изменет, во којшто се остава рок на важење на личните карти. Таков рок имаме во патните исправи затоа што директно е поврзано со склучувањето на Преспанскиот договор, односно ќе треба промена на патните исправи”, рече Спасовски. Притоа, тој информираше за досегашните променети документи:

„Можам да кажам дека имаме променето досега околу 1.210.000 патни исправи, повеќе од 1.100.000 лични документи и околу 544 илјади возачки дозволи”, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК