Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја дел од Карпош, а без вода дел од Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 11.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Хелсинки, бр. 58 (А и Б), 56 (А и Б), 54, 52, 50 и 48, ул. Нобелова, бр. 22, 24, 26, 19 (А и Б), 21 (А и Б), ул. Лондонска, бр. 1 (А и Б), 3, и Ресторан Две Капки ( Општина Карпош )

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, исто така информира дека најавеното изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од од Ф-80 мм за ден 17.01.2024 год на ул.Дане Крапчев бр.19, се одложува за ден 18.01.2024 год. Активностите ќе започнат во 10:00 часот а со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Дане Крапчев, дел од ул. Дебарца и ул. Славка Недиќ. (Општина Центар)

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК