Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец од Скопје, одземеното е вратено на сопственичката

Вчера, во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Б.(55) од Скопје. При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК