Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Меџити: Нов лапароскоп за гостиварската болница, ја унапредуваме специјалноста урологија во установата

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„Денес сме во посета на Општа болница Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија. Со ова, првпат во областа на урологија ќе се извршуваат лапароскопски интервенции во болницата и ќе нема потреба пациентите да се упатуваат во Скопје за овој тип интервенции.

Лапароскопската и ендоскопската опрема е набавена од Министерството за здравство во вредност од 10.5 милиони денари.

Со оваа инвестиција значително се унапредува специјалноста урологија во оваа болница, а воедно се проширува опсегот на здравствени услуги кои се обезбедуваат во установата.

Сакам да истакнам дека изминатиот период за установата набавивме и подвижен рентген апарат со C-рака со дигитален детектор во вкупна вредност од 7.7 милиони денари.

Овие инвестиции се показател за континуираното унапредување на условите за третман на пациентите во установата, и со оваа динамика продолжуваме да реализираме нови инвестиции и во следниот период“, изјави Меџити.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК