26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Моќта на трансформирањето на општествата е главната мека моќ на Европската Унија со големи придобивки за сите граѓани

Преку видео обраќање Заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, се обрати на Меѓународната конференција „Водици- Охрид 2024“, на 17 јануари 2024 година, „Промоција на мерките на „мека моќ“ (soft power), културата, културното наследство, животната средина, туризмот или друга човечка димензија за одржлив и меѓукултурен развој во организација на Центарот за напредни истражувања од Скопје, Северна Македонија.

Во прилог интегралното обраќање и линк до видео обраќањето за проследување во вашите медиуми.

„Европската Унија е најуспешниот мировен, политички и економски проект во историјата на континентот и светот. Европската Унија е модел за демократија, за солидарност и слободи, но и за еднаквост, просперитет и одржливост.

Европската дипломатија ја поседува токму „меката моќ“, која ја прави да биде важен партнер во меѓународните односи – денес пак, политиката на проширување ја прави Унијата исклучително значаен безбедносен, но и политички проект.

Со привлекување нови членки и сојузници преку споделување на европските вредности и создавање на заеднички европски идентитет. Проширувањето е една од најмоќните политички алатки на ЕУ за постигнување мир и просперитет, слобода и демократија. Затоа Европската Унија е токму тоа – заедница на суверени држави поврзани за просперитет и во слобода и демократија.

Mисијата на мирно обединување на Европа врз основа на слободно изразената и суверена волја на секоја земја којашто сака да биде дел од ЕУ е внимателно управуван процес на пристапување врз три клучни принципи: консолидација, условеност и комуникација.

Oтворената определба на ЕУ за сериозни новини и за пристап за забрзување на процесот на проширување на оваа организација, соодветно на духот на времето, донесе и многу новини на овој план.

Најважната новина е Планот за раст на економиите на земјите кандидати за агендата за проширување до 2030 година. Со вкупен буџет од 30 милијарди евра, од кои 6 милијарди се алоцирани за поддршка на економиите на Западен Балкан, Планот за раст има за цел да воведе дополнителна динамика во евроинтегративните процеси на земјите од регионот.

Планот за раст е јасна финансиска и политичка инвестиција на Европската Унија во регионот на Западен Балкан и Северна Македонија. Брисел сака да ја види нашата земја во европското семејство. Тоа е подадена рака за забрзување на процесот за членство до 2030 година.

Како дел од стратегијата на вредностите на меката моќ, ова е одлична, всушност, една од најреалните можности за да се забрза растот на регионот и пристапувањето кон ЕУ.

Стратегијата на меката моќ подразбира дека низ широк ангажман и вклучување на сите општествени актери, членството во ЕУ останува консензуален израз на волјата на народот за да бидеме дел од најуспешниот политички, мировен и безбедносен проект во Европа и во светот по втората светска војна. – изјави Вицепремиерот Маричиќ.