Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

124 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

ДЕСК