Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ фатена и во спорни набавки и во лага, една машина набавена по астрономски суми

ДПМНЕ е фатена во нова афера со спорни јавни набавки на машини по астрономски цени, десетини илјади евра над реалните, соопшти СДСМ.

-Документите во прилог (ЛИНК) покажуваат дека општина Битола и општина Велес, раководени од ДПМНЕ набавиле по една машина за бележење хоризонтална сигнализација, а не две како што лажеше ДПМНЕ.

Во спецификацијата јасно е наведено дека Општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако таква машина може да се купи за 2-3 илјади евра.

Разликата во цената е дури 47.000 евра.

Иста таква машина, од истата фирма набавила и општина Велес, по астрономска сума од 42.000 евра. Цена за 40.000 евра повисока од реалната.

Што и да кажат и лажат од Белата палата, јасно е дека градоначалници на ДПМНЕ се фатени со рацете во медот.

Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од ДПМНЕ да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК