Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Меџити: Нов дигитален рентген РТГ апарат за Институтот за радиологија

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска го посети Универзитетскиот Институт за радиологија по повод нов Дигитален рентген РТГ апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца во оваа установа.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„Денеска сме во посета на Институтот за радиологија по повод нов Дигитален рентген РТГ апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца во оваа установа.

Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката.

Ваков сличен апарат имаше и претходно на кој во просек се работеа околу 3000 прегледи за најмладата популација од 0-14 години.

Установата, исто така доби и мамомат со томографија и стереотаксична биопсија, како и ехо апарат со еластографија кои се важни за рана дијагностика на рак на дојка. Ова покажува дека водиме грижа за рано детектирање и превенција од ваков тип малигно заболување.

Со инвестиции во опрема продолжуваме и во наредниот период, грижејќи се за нејзино континуирано модернизирање и обвновување“, изјави Меџити.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК