Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ може да се оградува, но луѓето разбираат кој го упропасти Скопје

„Мислам дека голем дел од луѓето разбираат кој го упропасти Скопје, дека може да се оградува многу ВМРО-ДПМНЕ од своите политики и кандидати во градот Скопје меѓутоа на сите им е јасно чив кандидат беше градоначалничката“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека и во скопските општини и во поголемите градови низ државата каде што градоначалници има ВМРО-ДПМНЕ буквално ништо не е поместено, а половина од мандатот веќе помина.

„Единствените работи кои се направени се финансирани од Владата и поддржани финансиски од Владата во тие општини. Зошто се поскапени многукратно трошоците за сите оние такси кои ги земаат општините?“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека луѓето разбираат оти ВМРО-ДПМНЕ нема никаков перформанс таму каде што има прилика да владее.

„Тоа ни дава шанса да покажеме дека со сите грешки и со сите пропусти кои секако дека ниедна власт не е идеална и безгрешна ние сме подобрата опција која може на оваа држава да и понуди подобра иднина, да и понуди исправање на некои неправди, работи и подобрување на перформансот на некои институции“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК