Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Најважно на изборите е концептот на негирање на се и активни блокади да биде поразен

„Најважно на овие избори е концептот на негирање на се, концептот на активни блокади и концептот на отфрлање на нашата европска интеграција да биде поразен тоа е концептот на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека овие две политички партии изминатите четири години направија се за да не мрднеме ни милиметар во европските интеграции, да влеземе во билатерлани спорови за целосно да удрат на самодовербата на македонскиот народ и повторно да се дискутира за нашиот јазик и идентитет.

„Мислам дека тој концепт мора да биде поразен и во моментот кога ќе биде поразен на изборите сигурен сум дека и дел од луѓето во ВМРО-ДПМНЕ ќе сфатат дека е многу побитно оваа држава да оди напред и да се даде поддршка на измените затоа што нас ќе ни требаат 80 пратеника за многу повеќе прашања од уставните измени“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

ДЕСК

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

C +