10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кој ќе ги снабдува домаќинствата со струја? – Пан Интертрејд обвинува за притисок, а не ги демантира информациите на медиумите дека има еден вработен

Во петокот беа отворени понудите на тендерот за универзален снабдувач, што го распиша Владата. На тендерот пристигнаа 3 понуди, односно ЕВН Македонија во конзорциум со ЕВН електро снабдување понудија маржа од 11,4 %, а истата понудена маржа пристигна и од ЕСМ продажба, додека конзорциумот составен од грчката ЕДС и Ман Интертрејд понудија 11,45 % маржа. Сега Владата треба да ги разгледа понудите и да процени дали сите ги исполнуваат условите од тендерот, на кој се бараше компанијата или конзорциумот да има остварено позитивни финансиски резултати во последните три години, работен капитал до 40 милиони евра и инструменти за плаќање кон операторите на системот и учесници на пазарот на електрична енергија.

Компанијата ЕДС која настапува во конзорциум со Пан Интертрејд, фирма за која медиумите изнесоа некои информации (погледнете тука)
Компанијата ЕДС е основана од грчката државна енергетска компанија ППЦ која го пропушти договорот за Чебрен.

Од Пан Интертрејд во демантот испратен до медиумите обвинуваат за суптилен притисок врз комисијата за избор на универзален снабдувач и велат дека повеќе години работи успешно на македонскиот пазар, и се соочуваме со нееднакви услови. Покрај другото тие велат дека нивната компанија нема никаква поврзаност со компанијата од Србија која беше спомната во некои медиуми.

Која од компаниите ќе биде избрана за универзален снабдувач на над 800.000 домаќинства ќе се знае на аукцијата на која учениците ќе понудат крајна маржа.

Можеби ќе ве интересира

Поскапеа цигарите, поскапуваат пратките од Тему и Али Експрес, а цените во маркетите — до плафон

ДЕСК

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во петок? Курсна листа за 10-ти октомври 2025

ДЕСК

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК