Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Обвинителство да постапи по скандалот на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

Интегрален текст од денешната изјава на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Надлежното Јавно обвинителство мора да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ.

Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти.

Еве ги договорите за спорните јавни набавки по астрономски суми.

Овие документи кои се и јавно достапни покажуваат дека општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Општина Велес исто така под капата на ДПМНЕ купила иста таква машина по цена од околу 40.000 евра.

Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали.

Општина Илинден на пример и многу други општини набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола.

Сите овие информации се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Очекуваме надлежното јавно обвинителство да отвори истрага за оваа афера.

Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК