Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Струмица утрово меѓу три возила, има повредени

На 14.01.2024 во 03.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лице (25) од Струмица, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лице (29) од село Гечерлија, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лице (26) од село Ангелци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил лице(24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и две други лица., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и лице, сопатник од патничкото возило „ауди“.

Повредите биле констатирани од страна на лекар во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК