Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нова афера на градоначалниците на ДПМНЕ, астрономски суми за набавка на машини

-Нова афера со сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

„Според јавно достапни податоци, општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку.

Станува збор за разлика од 47.000 евра!

Иста таква машина набавила и општина Велес по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола.

Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК