21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Инвестираме во здравството за подобри услови за лекување на граѓаните

-СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството во државата, со капитални инвестиции и повисоки плати за здравствените работици, за обезбедување на подобри услови и услуги за лекување на граѓаните, соопшти СДСМ.

„Скопската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ.

Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника.

На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала, со што се заокружува еден процес кој значи осовременување капацитетите за лекување, интервенции и закрепнување на пациентите.

Со инвестиција од 15.000.000 денари, средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување и од донации, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа.

Новата Клиника во Козле, од институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво.

Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар.

Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра.

Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети на Владата предводена од СДСМ.

Тој процес не застана ниту во време на најголема здравствена и економска криза, и затоа во изминатиот период се пуштени во употреба голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата.

СДСМ продолжува со унапредување на здравството, за подобри услови за лекување на граѓаните“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

C +

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +