Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Македонија под снег на стартот на следната седмица, па следува затоплување – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст.

Прогноза за 15.01.2024
Минимална температура: -9°C до -5°C
Максимална температура: 4°C до 9°C

Променливо облачно, претежно во западните делови со локални врнежи од дожд, на планините и во повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.

Прогноза за 16.01.2024
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а на планините и во повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а попладне ќе го проемни правецот во северен и долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 17.01.2024
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК