Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

119 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минуваље на затворен сигнал – црвено светло… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК